Автомобил се преврте на новата крстосница пред воениот базен, во близина на oсновното училиште „Љубен Лапе“ во населбата Аеродром. Засега нема информации за евентуални жртви или повредени.
На Фејсбук се појавија фотографии од стравичната несреќа и се апелира за зголемена безбедност на улиците.
Во несреќата учествувале две возила, „рено меган“ кое има само помала материјална штета и уште едно возило кое е превртено на кровот.
Инцидентот се счучува непосредно пред основно училиште, каде се движат мали деца.