Автомобилот марка „ZIL-4104“ што го користеше поранешниот претседател на Советскиот Сојуз – Михаил Горбачов, кој беше погребан денеска на московските гробишта Новодевичи е понуден на продажба, пишува „Rossia24“.
Според информациите, автомобилот се наоѓа во Симферопол, на Крим, а советскиот лидер го користел кога бил на одмор на тој полуостров.
Овој автомобил бил сервисиран во фабриката Лихачев, а опремен е со тристепен автоматски менувач и 7,7-литарски бензински мотор со осум цилиндри со капацитет од 315 коњски сили.
За 33-годишна црна лимузина со поминати 73.000 километри, сегашниот сопственик бара 20 милиони рубљи (332.539 евра).
„ZIL-41047“ автомобилот кој излезе од производствената линија во 1986 година, стана главно возило на Горбачов, објави „Rossia24“
На крајот на јуни 2022 година, „ZIL-41041“ беше ставен на продажба во Москва во совршена состојба. За лимузината беа побарани 14 милиони рубли.