Двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ денеска околу 14 часот удри и се качи на жардиниера на раскрсницата кај Трговскиот центар „Мавровка“ и Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ во скопски Центар.
Во моментот на ударот патници имало и во горниот и во долниот дел на автобусот.
Очевидците велат дека возачот изгубил контрола и не можел да управува со автобусот, по што се се случил ударот во жардиниерата.
Екипа на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и им укажала помош на две патнички.