До 14 часот на парламентарните, покраински, локални избори и избори за градот Белград во Србија излезеноста изнесува 32,38 %, што е за 4 проценти повеќе од изборите пред две години.
Според РИК, излезеноста во Белград до 14 часот изнесува 31,86 отсто, во Шумадија и Западна Србија 32,13, Јужна и источна Србија 33,49 отсто и во регионот Војводина каде излезеноста изнесува 32,62 отсто.
Од РИК ги демантираа информациите дека во Крагуевац на едно бирачко место се затечени лица кои на гласачите при излез на гласањето им делеле коверти.
Исто така во врска со написите на медиумите дека кај Соко Штарк Арена во Белград има масовно собирање и гласање на лица од Република Српска, од РИК демантираа дека таму постои гласачко место, како и дека со законот не е забрането некој масовно да организира некого за да одат на гласање на некое бирачко место, и дека по истрагата од таму не дознале кој организирано ги донесол со автобуси овие лица да гласаат во Белград.
Партијата на слободата и правдата на социјалната мрежа Х објави дека нивни членови на РИК отишле во салата Арена да проверат како СНС ги класифицира гласачите од соседните земји кои гласаат во Белград. Во таа прилика, како што изјавија, биле физички нападнати, а полицијата не интервенирала.
Медиумите потврдија дека по инцидентот со уништувањето на автомобил на невладината посматрачка организација „Срце во Оџаци“ сторителот на делото е приведен во полицијата, исто како и лицето кое делело пари на гласачко место во Врање.
Од невладинаат организација Цесид, соопштија дека до 12 часот забележале 70 неправилности на бирачките места, дека овој процес продолжил и по 14 часот, случаи како фотографирање на изборните ливчиња, уфрлање на листите во погешни кутии, семејно и организирано носење на гласање, како и на привремено прекинување на гласањето во бирачки места во Гроцка, Нов Белград, Земун, Нови Сад поради влијаење врз гласачите и помали инциденти.