
Поради државниот празник „8 Септември“ – Денот на независноста, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие сообраќаат по неделен возен ред.
Работат само билетарницата и центарот за персонализација кај Транспортниот центар.
Од ЈСП информираат дека жичницата денеска нема да работи.
– Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичницата се неработни денови, нагласуваат од ЈСП – Скопје.