Австријците со новата вакцина против Ковид 19 – штити од сите варијанти

Во Австрија се појави нова вакцина која според надлежните, заштитува од сите варијанти на коронавирусот, соопшти австриски Еуроком ПР.

Тим научници од Медицинскиот универзитет во Виена разви нов тип вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, а според податоците од претклиничките студии, ефикасна е против сите варијанти на вирусот, вклучувајќи ја и Омикрон.

Медиуми наведуваат дека, додека постоечки генетски вакцини против Ковид-19, предизвикуваат главно привремен имунолошки одговор, оваа вакцина обезбедува создавање долготрајни антитела.

Истражувањето, што му претходеше на развојот на вакцината, се заснова на повеќедецениско знаење од областа на алергиските болести.