Австријците сакаат да ја укинат функцијата претседател на држава
Претседателот на Австрија – Александер ван дер Белен најави кандидатурата за втор претседателски мандат, но повеќе од третина од граѓаните не сакаат да излезат на гласање, додека третина оценуваат дека функцијата шеф на државата е непотребна.
Истражувањата покажале дека 37 отсто од Австријците се за укинување на функцијата претседател, додека за зачувување на функцијата се изјасниле 48 проценти од испитаниците.
Анкетите покажуваат дека 31 отсто од Австријците изјавиле дека не сакаат да излезат на претседателски избори.