Австријката Елизабет Скваер (68) била нападната од ајкула во близина на познатото египетско летувалиште Хургада. Таа вчера вечер со тешки повреди била пренесена во болница, но и покрај напорите на лекарите, починала.
Жртвата на предаторот живела во Хургада и била во брак со Египќанец. Инцидент се случил во близина на познатото летувалиште.
Според „Дејли мејл“, плажата веднаш била затворена три дена , а инцидентот се случил пред капачите кои постојано прашувале каде се спасувачите.