Австриските центристички партии постигнаа договор за владина коалиција без крајната десница
Трите најголеми австриски центристички партии денеска објавија дека постигнале договор за формирање коалициска влада без крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО), која победи на парламентарните избори пред пет месеци.

Конзервативната Народна партија (ОВП), Социјалдемократите (СПО) и либералниот Неос соопштија дека ќе ја претстават заедничката владина програма на прес-конференција во 11 часот.
Новата австриска влада ќе се формира со третиот обид, бидејќи првиот обид на чело со ОВП пропадна во јануари, а потоа обидот на чело со евроскептичната ФПО не успеа во средината на февруари.
Ова е најдолгиот период од Втората светска војна кога Австрија е без влада.