
Авионот со српски туристи во Истанбул денеска не полетал поради магла, соопштија за Танјуг во српскиот конзулат во тој турски град.
Велат сите патници се згрижени.Полетувањето на авионот било откажано поради густата магла на азиската страна на Истанбул, каде што се наоѓа аеродромот „Сабиха Ѓокчен“.
Според медиумите, околу 30 српски туристи се наоѓаат на аеродромот од каде што требаше да тргне авионот за Белград во 11 часот по турско време.