Небојша Стефановиќ – српскиот министер за одбрана денеска на прес-конференција во врска со падот на украинскиот авион кој летал од Србија за Јордан и се урна во Грција потврди дека авионот полетал од аеродромот во Ниш синоќа во 20:40 часот.
„Тоа беше авион `Антонов 12` во сопственост на украинската компанија `Меридијан`. За жал според информациите со кои располагаме животот го загубија сите 8 членови на екипажот“, изјави Стефановиќ.
„Авионот транспортираше околу 11,5 тони производи од нашата индустрија до крајниот клиент во Бангладеш. Значи, крајниот клиент е Министерството за одбрана на Бангладеш“ – рече Стефановиќ.
Тој рече дека сопственик на робата е приватната компанија `Валир` од Србија. Оваа компанија произведува оружје и муниција. Ги негираше наводите дека авионот се користел за транспорт на оружје од Србија во Украина.
Министерот рече дека неколкупати се појавиле информации дека Србија транспортира оружје во Украина и дека секојпат се покажало дека се неточни.
„Ова не е првпат, на почетокот на јуни имавме информации дека некакво оружје се транспортира во Украина, се покажа дека се работи за лет и стока од нашата индустрија што одеше во Алжир и ги имаше сите потребни дозволи. Исто така на 2. јули имавме слетување од ОАЕ на аеродромот Никола Тесла на товарен авион со два борбени авиони од Емиратите. Овие постојани измислици со кои се обидуваат да го нарушат угледот на Србија, дека правиме нешто пониско, дека ги прекршуваме меѓународните прописи, се нешто што е целосно провидно и злонамерно“ – изјави Стефановиќ.