Авиокомпаниите во неволја: Стотици летови откажани поради штрајк на кабинскиот персонал
Компанијата EasyJet соопшти дека откажала 232 лета до и од Португалија во следните неколку дена поради штрајк на кабинскиот персонал.
Секој што оди во Португалија од утре (15 август) до сабота, мора прво да го провери својот лет, објави EasyJet. Авиокомпанијата има летови до Португалија од бројни аеродроми низ Европа.
Дестинациите на EasyJet во земјата ги вклучуваат главниот град Лисабон, Порто и Фаро на јужниот брег на Алгарве, пишува Express.
„Вкупно 27 повратни летови меѓу Велика Британија и Португалија се откажани во периодот во кој беше најавен штрајкот“, изјави портпаролот на EasyJet за „Mirror“.
Португалскиот национален сојуз на летниот персонал во цивилното воздухопловство (SNPVAC) повика на тридневен штрајк за сите летови со кои управува EasyJet, како и за „други услуги кои го вклучуваат кабински екипаж. Почнува во 00:01 часот на 15 август и завршува на 17 август во 24:00 часот“.
Синдикатот апелираше до авиокомпанијата да не ги откажува летовите, а наместо тоа повика на „здрав разум на компанијата, за да може да попушти пред правичните барања на своите работници“.
И компанијата Рајанер им се извини на своите патници денеска за прекумерните доцнења на својата веб-страница и како причина го наведе „недостигот на летачки екипаж што ги погодува сите европски авиокомпании“.
Услугите на АТЦ (контрола на летање), кои не беа прекинати ова лето поради штрајкот на АТЦ во Франција, продолжуваат со слаби перформанси (и покрај тоа што летовите се 5 проценти под нивото од 2019 година) со постојан „недостиг на персонал“.
Денеска, 18 отсто од првиот бран летови на Ryanair беа одложени поради „недостиг на персонал“ на ATC.