Авганистанецот кој масакрираше проститутки во бордел во Виена го призна делото, ама не ги открива мотивите

Виенската полиција го уапси Авганистанецот Ебадул А.(27), осомничен за бруталното убиство на три проститутки во јавна куќа во областа Бригитенау во Виена.

Тој главно го признал делото, но не ги открил деталите за крвавиот пир, ниту мотивот за грозоморното злосторство.

Според австриските медиуми, убиецот ги масакрирал своите жртви со нож до непрепознатливост, а меѓу убиените е и сопственичката на борделот, соопшти полицијата, пишува oe24.at.

Жртвите најверојатно се кинески државјани, но полицијата допрва треба да го утврди нивниот идентитет. Една од работничките успеала да се спаси заклучувајќи се во соба и слушајќи ги морничавите врисоци на жртвите.

Се верува дека убиецот ладнокрвно го планирал масакрот и купил специјален нож за ова злосторство. Ако ова се покаже како точно, оваа околност укажува на планиран напад.

Се сомнева дека мотивот би можел да биде тоа што младиот човек се прогласил за „чувар на моралот“ и со тоа испратил крвава порака, не е утврдено дека имал некаква врска со некоја од жртвите.

По масакрот побегнал во паркот каде бил уапсен, а кај него бил пронајден крвав нож со кој го извршил делото. При апсењето тој бил крајно агресивен, па полицијата морала да го онеспособи со помош на пиштол за шок.