Абрамович во прва фаза преговарал во руско-украинскиот спор
Портпаролот на официјален Кремљ – Дмитиј Песков рече дека санкционираниот олигарх Роман Абрамович имал улога во мировните преговори меѓу Русија и Украина. Тој појасни дека сопственикот на фудбалскиот клуб Челси, „бил дел од првата фаза“, но, сега процесот е во рацете на преговарачките тимови на двете земји.
Песков се осврна и на последното протерување на американски дипломати од Москва. Појасни дека тоа било реципрочна мерка, откако 12 руски дипломати беа протерани од Мисијата на ОН, во Њујорк, изминатиот месец.
Песков изјавил и дека Русија има сојузници во Европа, со „потрезвен став“ и дека жална е општата антируска хистерија на Западот.
„Има земји што заземаат многу поконструктивна и трезвена позиција, понезависна позиција. Нема да ги именуваме, но има такви“ рече Песков.