Абазовиќ: Милатовиќ да ја поништи одлуката на Ѓукановиќ за избори

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изјави дека новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ треба да ја поништи одлуката на Мило Ѓукановиќ за распишување парламентарни избори.

Милатовиќ треба да ги собере сите политички актери и заедно да одреди нов датум за избори. Може да биде крајот на јуни, пред сезоната“, изјави Абазовиќ во гостувањето на тв Прва.

Поентата, како што посочи, е дека „легитимниот претседател и легитимните заменици“ можат заеднички да го одредат датумот на изборите.

„Мислам дека не е добро да му дозволиме на Ѓукановиќ вака да брка пратеници, тоа е недозволиво“, рече Абазовиќ.

Ѓукановиќ, откако го донесе указот за распуштање на Собранието, распиша вонредни парламентарни избори за 11 јуни.