Министрите за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ ја доведоа во заблуда хрватската државна делегација и направија огромен дипломатски скандал и извршија кривично дело, изјави денеска црногорскиот премиер во технички мандат Дритан Абазовиќ.
Абазовиќ ова го изјави по повод поставувањето на спомен плочата во поранешниот центар на ЈНА во Мориње, која, како што наведе, ја поддржува, но не на незаконски начин.
„Ја доведоа во заблуда хрватската државна делегација и направија огромен дипломатски скандал, поставија плоча без да ја известат владата и надлежните органи со никаков лист“ – рече Абазовиќ и додаде дека на овој начин сториле кривично дело.