Абазовиќ и Курти утре ќе имаат средба

Утре во Струга се очекува да имаат средба Абазовиќ и Курти, а оваа средба наиде на големо медиумско влијание.

Со најголемото задоволство ќе зборувам со премиерот Курти, потоа ќе имам повеќе информации, но кога сме кај Црна Гора ние сме тие кои секогаш промовираме регионална соработка со сите земји од Западен Балкан и сме спремни да дадеме придонес, макар минимален за мир и стабилност“, рече Абазовиќ.

На новинарско прашање што поточно ќе зборуваат со Курти и дали може да ги каже деталите Абазовиќ вели дека не може да зборува детално.

„Не можам да зборувам за деталите од разговорот, но тоа што би сакал да го видам е голем договор помеѓу меѓународниот фактор и владите на Косово и Србија, мислам дека тоа оди во полза на сите, но фактички треба да признаеме дека ставовите се различни на Косово, Црна Гора и другите земји. Убеден сум дека со г. Курти во отворен пријателски и братски разговор можеме да покажеме како можеме и ние да дадеме мал придонес, ако има потреба да се каже нешто на другата страна или меѓународниот фактор што треба да се истакне, јас сум спремен“, изјави Абазовиќ.