Премиерот согласно Законот за државна управа донесе решенија за именување на раководители на две министерства во Црна Гора.
Владата потврди дека со работата на Министерството за надворешни работи ќе раководи премиерот Дритан Абазовиќ, а за шеф на Министерството за одбрана е именуван министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ.
Соопштено е дека премиерот согласно Законот за државна управа донел решенија за именување на раководители на тие два ресори.
Минатата недела, на предлог на Абазовиќ, Собранието ги разреши поранешните министри за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ.