Абазовиќ: Иднината на Црна Гора е сигурна!
„Горди сме што ја одбележуваме петгодишнината од членството на Црна Гора во НАТО – заедница на демократијата, вредностите и стабилноста“.
Ова го изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ по повод петгодишнината од полноправното членство на Црна Гора во Алијансата.
Абазовиќ нагласи дека повеќе од милијарда луѓе во светот ја чувствуваат слободата и сигурноста поради „нашиот заеднички придонес за колективната безбедност”.
„Иднината на Црна Гора е сигурна. Ние сме НАТО” – рече тој.