„Црногорската влада нема да падне поради Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ)“ изјави синоќа црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
„Ако некој од колегите не сака да се занимава со ова и не сака да се придржува до принципите на правда и еднаквост, нека ѝ објасни на јавноста“, рече Абазовиќ.
Тој додаде дека не е во интерес на државата да види кој има поголем процент на верници, туку дека секој мора да има отворена врата.
„Важно е да го потпишеме Основниот договор со СПЦ, а не е точно дека се брзаме, тоа е пропаганда. Треба да добиеме текст каков што имаат сите верски заедници. Мислам дека ќе биде едногласно“ вели Абазовиќ за „ТВ Прва“.
„Ако некој навистина сака да даде приоритет на некои теми и да живее во минатото, мислам дека тоа е проблем“ – смета тој.