Абазовиќ вели дека неговата влада е жртва на организираниот криминал

Довчерашниот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во првата изјава по изгласувањето недоверба на неговата влада во парламентот рече дека работите сега се многу појасни и упати честитки за „новата коалиција на Алекса Бечиќ и Мило Ѓукановиќ”.

– Подготвени сме да извршиме примопредавање. Ова е најинклузивната Влада што некогаш постоела, без реваншистички однос кон никого. Би сакал секоја наредна да биде таква, рече синоќа Абазовиќ на прес-конференција во Парламентот на Црна Гора.

Тој рече дека жали што „организираниот криминал продолжува да ги пушта своите пипала за да ги уредува политичките односи“.