Абази оформи предмет за „бомбите“ на Боки-13

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет по дописот на шоуменот и неформален сопствени на 1ТВ, Бојан Јовановски, кој е во затвор.

Тој бараше средба со шефот на ова обвинителство да поднесе кривични пријави и да му достави материјали, такан наречени „бомби“, кои, како што рече, сведочеле за висока корупција и криминал. Јовановски бараше средба со Абази, оти, како што вели, само во него имал доверба.

Сепак, како Јовановски ќе се сретне со друг обвинител, не со Абази, оти тој предметот го распределил кај надлежен обвинител, јави новинската агенција Макфакс.

Јовановски прво доставил допис до Обвинителство, а потоа неговите адвокати го доставија тој допис до јавноста. Во него Јовановски наведува дека има материјали во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видеа, за криминални дејствија на личности од највисоки државни структури од политиката, правосудството, бизнисот…

Јовановски е во затворот во Идризово. Тој е правосилно осуден на девет години затвор во „Рекет“, а на уште девет е првостепено осуден и за случајот „Меѓународен сојуз“, за перење пари и дела поврзани со измама.