
АА на Таравари со критики на планот за вработување 2025: Потребна е транспарентност, а не политички театар
Планот за вработување 2025 остава многу да се посакува повеќе од кога било, потребна е радикална корекција. Тврдењата за сеопфатен пристап се лажни. Планот продолжува да ги игнорира најосетливите категории на општеството, не гарантира социјална еднаквост и има длабок недостиг на транспарентност во изборот на корисниците и распределбата на јавните средства. Големи се зборовите, но резултатите се мали, нејасни и неизвесни, истакна Халили.
Партијата Алијанса за Албанците (АА) каде претседател е Арбен Таравари на прес-конференција предочи дека направиле анализа на Оперативниот план за активни програми за вработување за 2025 година, истакнувајќи критики и предлози како да се промени. Според Арбен Халили, од партиската комисија за економски прашања, планот има погрешна пристапност без конкретна содржина за економската состојба на нашите граѓани.
Планот за вработување 2025 остава многу да се посакува повеќе од кога било, потребна е радикална корекција. Тврдењата за сеопфатен пристап се лажни. Планот продолжува да ги игнорира најосетливите категории на општеството, не гарантира социјална еднаквост и има длабок недостиг на транспарентност во изборот на корисниците и распределбата на јавните средства. Големи се зборовите, но резултатите се мали, нејасни и неизвесни, истакна Халили.
Тој смета дека планот има шест најпроблематички точки, како тесен фокус на млади до 29 години, обуки само за 600 лица, министерот за економија е во лична кампања и други замерки. Тие како АА предлагаат повеќе промени.
– Проширена поддршка за занемарените категории, жените во руралните области, младите надвор од урбаните мрежи, долгорочните невработени. Активно вклучување на приватниот сектор за создавање стабилни работни места и да се запре кризата на недостиг на работна сила во реалниот сектор, рече Халили.
Потребно е создавање на транспарентен портал каде што ќе се објават сите податоци, корисниците, критериумите, резултатите, транспарентност, а не е тајна, смета тој. Воедно бара да има независен мониторинг на периодични јавни извештаи кои ќе го мерат вистинскиот успех, а не само реториката.
– Распределба на буџетот, повеќе средства за мерки кои носат резултати, помалку за ветувања за коишто не се остваруваат. Запирање на манипулацијата со статистика – презентирање на стари мерки како нови успеси е исмејување на интелигенцијата на самите граѓани, потенцираше Халили.
Дел од предлозите е итно објавување на податоците од последните пет години колку корисници имало, колку бизниси се отворени и колку од нив уште опстојуваат на пазарот.