АА на Таравари бара да се објават сите корисници на унгарскиот кредит
Во јули минатата година, Владата на Република Северна Македонија потпиша договор за кредит од 500 милиони евра со Унгарија, договор што беше претставен како спас за домашната економија. Беше ветена поддршка за малите и средни претпријатија, регионален развој и еднаквост во распределбата на средствата. Денес, една година подоцна, граѓаните ја гледаат горката вистина: нема никаква транспарентност и отчетност, а придобивките се само за блиските до власта и само за македонскиот бизнис, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците на крилото на Арбен Таравари.

„Од 250-те милиони евра наменети за инвестиции, досега се доделени 125 милиони, но даночните обврзници не знаат каде отишле овие средства. Нема никаков список на корисници, ниту едно име, само апстрактни бројки и празни зборови. И додека владата зборува за „развој“, албанските компании остануваат исклучени. Албанските компании немаат искористено ниту 10% од овие средства.
Ова е дискриминација со државен печат. Планирана неправда, премолчена од институциите и оправдана со владина пропаганда.
Како Алијанса за Албанците, не можеме да останеме рамнодушни пред оваа политика на исклучување и враќање на практиките од минатото.
Она што го гледаме денес е стар модел на дискриминација, но со нови лица. Влада што го користи унгарскиот кредит за да ги зајакне клиентелизмот и политичката зависност, додека Албанците ги смета за излишни.
Затоа бараме:
* Итно објавување на целосниот список на корисници;
* Јасно појаснување на критериумите за распределба на средствата и финансираните проекти;
* Независна и јавна ревизија на целиот процес.
Владата не може да продолжи да си поигрува со достоинството на граѓаните и да продава пропаганда со парите позајмени во наше име. Ако немате што да криете, тогаш објавете ги списоците транспарентно.
Ова не е само економска криза, ова е институционализирана неправда. Еден долг што Албанците не го зедоа, но ќе го платат. И ако денес молчиме, утре со нашето молчење ќе бидеме соучесници“, стои во соопштението на АА на Таравари.