„Денеска, повеќе од кога било, се виде вистинското лице на Христијан Мицкоски и неговите политички партнери. Средбата и објавувањето на фотографијата со Гордана Јанкулоска го легализираат и рехабилитираат политичкиот и институционалниот криминал како политичка жртва. Алијанса за Албанците најостро го осудува обидот на Мицкоски и ДПМНЕ за амнестија и рехабилитација на криминалци кои во моментов издржуваат затворски казни“, реагира Алијанса за Албанците.
„Фактот што ВМРО никогаш не најде сила да се извини за мрачното минато и да се огради од тој период, покажува дека и нивната иднина останува криминал и мрак, а во овие регресивни акции партнери се и некои мизерни Албанци.
Јавно ги прашуваме Мицкоски и опозицијата, дали оваа слика значи дека планирате враќање во политиката на сите криминалци осудени со правосилни пресуди за криминал и злоупотреба на власта во минатото? Дали ова е причината за спротивставување и блокирање на европската иднина на земјата, која ќе донесе и правда и праведна борба против криминалот и корупцијата?“, прашува партијата.