
Алијанса за Албанците, исто како СДСМ и ДУИ, го отфрли предлогот на Алтернатива за формирање заедница на албански општини во Северна Македонија.
Од Алтернатива сметаат дека ваквиот предлог е несериозен и е со тенденција да ги користи Албанците за дневна политика.
Од СДСМ, пак, претходно оценија дека предлогот на Алтернатива е само за собирање дневнополитички поени, несериозен и неприфатлив. Од ДУИ, пак, го нарекоа патетичен, антиамерикански и антиалбански.
Од ЛДП, пак, рекоа дека ваква идеја само создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско општество.
Единствено, поддршка даде Изет Меџити од „огнената група“ во ДУИ велејќи дека ако ваквиот модел се примени во Косово, ќе има домино-ефект и во регионот.