„НАТО не негува анимозитет кон рускиот народ, ниту го доведува во прашање статусот на Русија како светска сила“ – изјави премиерот на Обединетото Кралство – Борис Џонсон за „Њујорк Тајмс“.
„Ние немаме непријателство кон рускиот народ и немаме желба да ја оспоруваме големата нација и светска сила“ – наведува Џонсон и истакнува дека „Украина нема сериозни изгледи за членство во НАТО во блиска иднина“.
Британскиот премиер наведува дека руската инвазија врз Украина не е конфликт со НАТО и дека тоа нема да се случи.
„Ниту еден сојузник не испрати борбени трупи во Украина“ – вели британскиот премиер.
Лондон во вторник, на 8. март, ќе биде домаќин на лидерите на Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија), кои ќе учествуваат на специјален состанок со Џонсон, а ќе биде посветен на ситуацијата во Украина.