Џонсон: Ситуацијата во Украина може да доведе до најголема војна во Европа по 1945-та

„Постои „голема веројатност“ руските трупи да ја нападнат Украина, што може да се случи не само преку Донбас“предупреди британскиот премиер Борис Џонсон. Според него, ситуацијата околу Украина може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година.

„Планот што го гледаме ја прикажува најголемата војна во Европа од 1945 година“ – изјави Џонсон.

Британскиот премиер смета дека постои „прилично голема веројатност“ за инвазија на руски војници во Украина, која би можела да се случи не само преку Донбас, туку и преку белоруско-украинската граница, „за да го опколи Киев“.

Во исто време, тој нагласи дека „не само Украинците, туку и Русите“ ќе страдаат како резултат на таквите хипотетички дејствија.