Љупчо Николовски тврди дека е жртва на монтиран случај

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на информациите дека против него се води предмет и дека бил повикан на информативен разговор во полициска станица.

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на информациите дека против него се води предмет и дека бил повикан на информативен разговор во полициска станица.

Николовски тврди дека станува збор за „монтиран случај“ со кој, според него, актуелната власт се обидува да го дефокусира вниманието од проблемите во земјоделството и од актуелни скандали.

„Еден монтиран случај. Толку им требаше на актуелното раководство за да се обиде да ја покрие сопствената неспособност и криминал и тоа напаѓајќи ја најуспешната реформа во земјоделството“, напиша Николовски.

Тој оценува дека случајот се отвора во период кога има големо незадоволство кај земјоделците поради доцнење на субвенциите, ниски откупни цени и поништени повици за рурален развој.