Ѓоковиќ го надигра Циципас и му го уништи сонот за врвот на АТП листата

За разлика од Медведев и Надал, Новак Ѓоковиќ со победа го започна завршниот турнир од Мастерс серијата во Торино. Србинот покажа конзистентност и карактер по неубедливиот финален меч во Париз и запиша победа без загубен сет во „црвената група“.

Ѓоковиќ беше подобар од Стефанос Циципас со 6-4, 7-6 и ги уништи надежите на Гркот дека може да биде број 1 на АТП листата на крајот на годината. Ѓоковиќ има девет победи по ред против Циципас, а скорот во меѓусебните дуели сега им е 10-2.

Попладнево во оваа група Рубљев во три сета и повеќе од два часа го надигра сонародникот Данил Медведев.

Карлос Алкараз или Рафаел Надал ќе ја заврши годината на првото место на АТП листата, во зависност од исходот на овој турнир. Алкараз не игра во Торино, а на Надал, кој не е во добра форма, му треба титула во Торино.