Олаф Шолц – канделарот на Германија посочи дека ЕУ денеска на одлуката на Русија да ги признае Доњецк и Луганск ќе одговори со санкции и дека наредил повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на гасоводот „Северен поток 2“.
На прес-конференција тој рече дека ЕУ ќе се договори за пакетот санкции што ќе го усвои денеска.
„Ситуацијата денеска е сосема поинаква од пред неколку дена и затоа треба повторно да ја анализираме. Побарав од Министерството за економија да го повлече документот од процедура и со тоа да го оневозможи сертификатот за гасоводот Северен поток 2“, рече Олаф Шолц.
Рече дека Европа се соочува со тешки денови и дека 80 години по Втората светска војна, во Европа се заканува нова војна.
„Наша одговорност е да го спречиме тоа. Апелирам до Русија да ни помогне во тоа“ – истакна Шолц.