Шолц: Ова е војна на Путин!

Канцеларот на Германија – Олаф Шолц истакна дека „ова е војна на Путин“. Тој истакна дека Русија денеска грубо го прекршила меѓународното право, нанесувајќи им страдање на соседите, кршејќи го суверенитетот и границите на Украина и ги загрозува животите на својот брат народ во Украина.

„Така, Русија го доведува во прашање мировниот поредок на нашиот континент. Ова е војната на Путин. Путин направи голема грешка со својата војна“ рече Шолц.

Додаде дека тој на украинскиот претседател му ја изразил целосната германска солидарност.

Наведе дека го свикал Советот за национална безбедност за да донесе одлука за натамошни активности.

Најави и дека попладнево како претседавач со Г7 ќе се заложи за единствената силна реакција на најсилните демократии во светот.

„Целта на санкциите е јасно да му се стави до знаење на руското раководство дека ќе плати висока цена“ – рече Шолц.