Шилегов не може да издвои добри работи од влаеењето на Арсовска: Каде е бесплатниот јавен превоз?

„Aко се одлучите да се занимавате со политика, треба да знаете дека граѓаните еднаш ви ја даваат а еднаш и ви ја одземаат довербата. Mислам дека граѓаните веќе по две години ја видоа разликата од тогашната и сегашната администрација што го води градот. Каде е бесплатниот јавен превоз и што е со градските превозници кои за прв пат во историјата излегоа на штрајк? Лесно е да ги давате ветувањата, за мене проблем е општо политиката кај нас, рече поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното гостување на „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

„За прв пат Град Скопје доби престижна награда за културата, и не поради проектот скопје-2014 туку поради посветеноста на стратешки добрите цели во минатото кога аплициравме за проектите во културата, повикот беше во време во време на Коце Трајановски, но аплициравме јас и мојата администрација.

„Секое менување на раководна структура особено во политичка партија на власт, носи ризици. Барам порадикално дејствување во СДСМ за да ги смениме процесите во државата. Дали височината на казните донесе успешни судски завршници изминатите три децении? Кога обезбедивме 70 милиони евра од ЕБРД за Брзиот Транспорт, во Собрание претседател на комисијата за финансирање беше Тимчо Муцунски, кој 8 месеци не ја ставаше точката на гласање. Ако се договориме за стратешките прашања, секој треба да си го прифати политичкиот ризик. Никому не му е мило поради „Францускиот предлог“, но, еднаш утврдените услови за преговори со ЕУ, не се менуваат. Неовластено прислушување е посебно кривично дело, не е злоупотреба на службена положба. Делото за 27 Април застарува за 40 години. И во редовите на СДСМ има луѓе што не ги заслужуваат функциите. Дали сите политички чинители се подготвени да поддржат закон за мораториум за вработување во јавен сектор наредните 5 години? Стратешкиот интерес на граѓаните и државата не може се користи за дневни политики.

Мислам дека уставните измени ќе се гласаат во Ноември. Премногу ја исполитизиравме државата на сите нивоа, рече поранешниот градоначалник на Скопје и член на ИО на СДСМ, Петре Шилегов во вечерашното госрување во емисијата Само Интервју. Тој потенцира и дека не постои политички прифатлива цена за СДСМ Груевски во било каква форма да биде коалиционен партнер, а доколку се врати во Македонија, веднаш ќе биде затворен.