Шварценегер јаде 80% веганска храна: Се чувствувам помладо и поздраво!
Холивудската легенда – Арнолд Шварценегер (74) последниве пет години се храни пред се со растителна исхрана. Шварценегер вели дека 80% од она што го јаде сега е веганско, но има повремени исклучоци – виенски стек.
Вели дека тоа му помогнало да се чувствува „поздраво и помладо“ и дека промената му помогнала да го намали нивото на лошиот холестерол, кој се поврзува со поголема опасност од срцеви заболувања.
„Моето ниво на лош холестерол е толку ниско што мојот лекар помисли дека сум друг човек“ – рече Шварценегер.