Шварценегер поминал на црвено и направил хаос на крстосница

Популарниот холивудски актер – Арнолд Шварценегер предизвикал сообраќајна несреќа во Лос Анџелес при што едно лице се здобило со повреди, јавуваат тамошните медиуми.

Од полицијата соопштуваат дека имало судир на крстосница на која џип-теренец се судрил со најмалку две други возила. Актерот го возел теренецот во моментот на несреќата.

Според полицискиот извештај, Шварценегер се наоѓал во близина на крстосницата кога се судрил со црвен автомобил кој во тој момент вртел. Теренецот поминал на црвено и свртел лево, па автомобилот влетал под теренецот, а во судирот биле оштетени уште две други возила.

Возачката на црвениот автомобил марка „приус“ е повредена и со возило на Брза помош пренесена во болница, но нејзиниот живот не е во животна опасност.