
Челзи му го нуди на Јувентус Лукаку и 20 милиони евра за Душан Влаховиќ
Фудбалскиот клуб Челзи му го понуди на Јувентус белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку и 20 милиони евра за напаѓачот на торинскиот клуб и српски репрезентативец Душан Влаховиќ, пренесува Газета дело Спорт.
Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите меѓу двата клуба се во тек, бидејќи Јувентус се согласува на оваа размена, но тимот од Торино бара 40 милиони евра.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри призна дека Челзи е заинтересиран за српскиот репрезентативец.
„Среќен сум со играчите кои ги имаме. Некои понуди е невозможно да се одбијат со оглед на финансиската ситуација. Ќе се прилагодам на одлуката на клубот, како и секогаш”, изјави Алегри.
Влаховиќ (23) во Јувентус пристигна од Фиорентина на почетокот на 2022 година за 80 милиони евра, а минатата сезона одигра 42 натпревари и постигна 14 голови.
Лукаку (31) минатата сезона ја мина на позајмица во Интер, а новиот менаџер на лондонскиот клуб Маурисио Покетино во наредниот период не смета на белгискиот напаѓач.
Минатата сезона за Интер постигна 14 гола на 37 натпревари.