ЦУК со детали за пожарот во КАМ мол: Посетителите биле евакуирани од трговскиот центар
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пожарот што вечерва избувнал во подземниот паркинг на трговскиот центар КАМ мол во скопската населба Ѓорче Петров бил предизвикан од запален автомобил.

По избувнувањето на пожарот, посетителите биле евакуирани од трговскиот центар, а на местото на настанот интервенирале пожарникари и полициски екипи.
Засега нема информации за причините за запалувањето на возилото, ниту за евентуално повредени лица.