Црн леопард слободно се шета низ Војводина, граѓаните во паника

Јавното претпријатие Шумско стопанство Војводина, подружница на ШГ „Сомбор“, ги известува сите сограѓани дека во дворовите на општина Апатин е забележан црн пантер (леопард)“, се наведува во известувањето.

Предаторот е крајно опасен и апелираме до граѓаните да се грижат за себе и за своите најблиски. Доколку некој забележи црн пантер, потребно е веднаш да ја извести надлежната полициска станица“, се наведува во соопштението.

Црниот пантер повторно беше забележан во непосредна близина на Бања Јунаковиќ, на 12 километри од селото Сонте, каде што беше забележан за прв пат, се вели во соопштението од општина Апатин, кое го пренесоа локалните медиуми. Општина Апатин ги предупреди граѓаните да не одат во тој правец до дополнително известување, како и во правец на шумата Пригрева. Велат се работи за многу опасно и непредвидливо диво животно.

„Во фаќањето и лоцирањето на црниот пантер во моментов се вклучени сите надлежни служби, како и стручната служба од Зоолошката градина Палиќ“, се вели во соопштението.