Ценовен шок – по струјата поскапува и парното

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги го разгледува барањето на БЕГ, а утре се очекува да соопшти дали и колку ќе поскапи парното.

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски рече дека ќе се бара начин да нема драстично зголемување на цената затоа што корисниците на парно ќе се исклучат од системот и за греење ќе почнат да користат електрична енергија.

Тој соопшти дека се во тек консултации со Владата, но воедно апелира и до Град Скопје и сите општини да бидат солидарни и да излезат во пресрет за најбезболно решавање на проблемот.