
Во неделата вечерта во округот Тузла се случило убиство, а потоа и самоубиство, потврдија за N1 Сараево од МУП на округот Тузла.
„Во 21 часот и 10 минути во полициската станица Живинце било пријавено дека се слуша пукање. Во населбата Подгајеви во куќа се пронајдени две тела, маж и жена. Машки иницијали М.А.(роден 1965 г.) и женски иницијали Ч.Т. (1971 година). Дежурниот лекар констатирал дека смртта настапила како последица од употреба на огнено оружје. Криминалистичката полиција изврши увид на лице место, а во овој момент од истрагата може да се каже дека најверојатно се работи за самоубиство и убиство“, изјавија за порталот Н1 Сараево.
Истрагата продолжува под надзор на Обвинителството.
Според неофицијални информации, мажот ја убил жената, а потоа се самоубил.