
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, во Вашингтон изјави дека Приштина не треба да остане заложник на Заедницата на српските општини (ЗСО) и оти решението на ова прашање, како што посочи, е единствениот начин да се постигне конечен договор меѓу Белград и Приштина.
Во интервју за Гласот на Америка на албански јазик, Харадинај рече дека САД и помагаат на Приштина „да ја надмине последната пречка, а тоа е да се постигне конечен договор“.
Тој посочи и дека европскиот предлог, кој според него е всушност повеќе американски, е реална можност за „развод на Косово од Србија“.