Хаос во Словенија по невремето: Улиците станаа реки, водата влегува во куќите, патиштата затворени

Синоќа во некои делови на Словенија почна пороен дожд, а словенечката агенција за животна средина издаде црвено предупредување за северниот дел од земјата.

Најмногу дожд наврна на југот од подножјето на Јулијанските Алпи и во областа кон Горењска и Корушка. Во тие региони во текот на ноќта веќе наврнале меѓу 100 и 200 литри дожд на метар квадратен, што е еднакво на месечната количина на врнежи, изјави метеорологот Бране Грегорчич за Радио Словенија.

„Денеска го засиливме предупредувањето за северниот дел на црвено, пообилни врнежи ќе има во текот на денешниот ден, а исто така и во текот на ноќта. Тежиштето на врнежите ќе се движи од запад кон исток, каде на одредени места уште не ни врнел“, рече Грегорчич.

Најголем дел од проблемите имало на подрачјето на Корушка и Горење, каде во некои делови веќе има поплави, а на места почнуваат и одрони.

Според 24ур, водата навлегува во куќите во Коменда, поплави има низ западна и северна Словенија, а затворени се и некои патишта.

Во текот на денот и утре се очекува излевање на реките на истокот од земјава. Како што информираат од сообраќајниот информативен центар, некои патишта се затворени поради последиците од невремето.