Напаѓачот на Манчестер Сити – Ерлинг Халанд постигна гол во победата на Сити над Арсенал од 4-1 и со голот постави нов рекорд во Премиерлигата.
Брилијантниот напаѓач го постигна својот 33. гол по 29 одиграни натпревари, со тој гол го собори рекордот во Премиерлигата по број на постигнати голови во една сезона, бидејќи ова натпреварување го има своето 38. коло.
Претходниот рекорд го држеше Мохамед Салах, кој постигна 32 гола за Ливерпул во сезоната 2017/18, додека од почетокот на лигата, рекордот го делат Енди Кол и Алан Ширер, кои постигнаа по 34 гола во раните 90-ти.
Сепак, во тоа време лигата имаше 22 клуба, а сезоната имаше уште четири натпревари.
Ако Халанд е здрав, треба да очекуваме да го собори рекордот и на двајцата.