Халанд е фудбалер на сезоната, идеалниот тим полн со ѕвезди на шампионот

Ерлинг Халанд од Манчестер Сити е избран за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната.

За најдобар фудбалер на сезоната гласаа навивачите, капитените на тимовите и специјално формираната стручна комисија, а најмногу гласови очекувано доби напаѓачот на „граѓаните“.

Покрај Халанд, за наградата беа номинирани и Маркус Рашфорд, Кевин де Брујне, Хари Кејн, Мартин Одегард, Букајо Сака и Киеран Трипие.

Норвежанецот е третиот по ред член на Манчестер Сити кој го добива престижното признание, откако Рубен Диас беше лауреат минатата година, а Кевин де Брујне година пред тоа. Халанд постигна 36 гола во Премиер лигата, со што го собори рекордот што заеднички го држат Енди Кол и Алан Ширер, истакнувајќи дека и двајцата ја достигнале таа бројка во сезоните кога Премиер лигата имала два клуба и четири кола повеќе.

Освен Халанд, награда за најдобар млад фудбалер доби и Букајо Сака, а беше избран и тимот на годината.

Во тимот на сезоната на голот е Рамсдејл, додека во одбраната се Салиба, Диас, Стонс и Трипие. Средниот ред е составен од Одегард, Родриго и Де Брујне, а во нападот се Кејн, Халанд и Сака.