(Фото) Реките Тигар и Еуфрат се во Африка!? Учебник по историја и општество пуштен во настава со погрешни податоци

Новата учебна година започна онака како што заврши старата. Дел од учениците се без учебници па наставниците ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат. Освен ова, продолжува и праксата во учебниците или прирачниците од кои ќе се учи да има погрешни податоци. особено по историја и географија, објави МКД.мк.

За ова денеска укажаа и од ВМРО-ДПМНЕ.

„Историја, во шесто одделение учениците ќе учат само во прво полугодие, а потоа следната година, во седмо. Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на Бирото за развој на образованието“, рече на прес конференција, Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, единствено точно за овие три реки е дека само реката Нил се наоѓа во африка додека реките Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Азија.