(Фото) Гори во Дебреште: Се гаси со противпожарни авиони

Центарот за управување со кризи соопшти дека нов пожар избил во село Дебреште. Со цел локализирање на пожарот, кон местото се упатени противпожарните авиони.

-Во атарот на село Дебрештe, општина Долнени, изби поголем пожар во нискостеблеста деградирана шума. За да се превенира негово ширење трите Ер Трактори на ДЗС се упатени да интервенираат, информираат од ЦУК.