Фон дер Лајен: Треба да се води дискусија во ЕУ за задолжителна вакцинација против ковид 19

Претседателката на на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека е „време Европската Унија да размисли за задолжителна вакцинација против ковид 19“. Таа тврди дека владите на земјите-членки ќе одлучуваат по тоа прашање.

„Како можеме да поттикнеме и потенцијално да размислуваме за задолжителна вакцинација во Европската унија? За ова треба дискусија. За ова треба заеднички пристап. Но, тоа е дискусија што мислам дека треба да се води“, додаде Фон дер Лајен.

Нагласи и дека една третина од популацијата на ЕУ, која брои околу 450 милиони, се уште не е вакцинирана.