Филипче се сретна со Рама во Битола – зад нив ги имаше албанското и знамето на НАТО, но не и македонското знаме“

Средбата, според информации на „Фокус“ имала неофицијален карактер и нема детали за што е разговарано, но спорен е амбиентот во кој го нема официјалното државно знаме на Македонија. Барем според фотографијата која на социјалните мрежи е објавена од членот на потесното партиско раководство на социјалдемократите Агрон Демири. Малку подоцна, Демири ја избришал сликата од социјалните мрежи.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска имал средба со албанскиот премиер Еди Рама. Средбата се одржала во просториите на албанскиот конзулат во Битола. Она што е впечатливо на прв поглед од сликата од средбата е дека Филипче седнал на маса зад која ги има албанското и знамето на НАТО, но не и македонското знаме.

Средбата, според информации на „Фокус“ имала неофицијален карактер и нема детали за што е разговарано, но спорен е амбиентот во кој го нема официјалното државно знаме на Македонија. Барем според фотографијата која на социјалните мрежи е објавена од членот на потесното партиско раководство на социјалдемократите Агрон Демири. Малку подоцна, Демири ја избришал сликата од социјалните мрежи.

„Фокус“ се обрати до Центарот за комуникации на СДСМ вечерва со намера да добие одговор на прашањето – за што станало збор на средбата меѓу Филипче и Рама и зошто го нема македонското знаме на сликата. Нема детали за темите на разговор, а од централата на социјалдемократите ни беше само одговорено дека станува збор за „неофицијална средба на нивно барање во просториите на конзулатот на Република Албанија во Битола. За знамињата прашајте во конзулатот“.