УЈП го забрзува повратот на ДДВ

Во првите месеци од годинава на фирмите им се вратени речиси 11,7 милјарди денари што е за 6 насто повеќе од доспеани барања за поврат на данокот на додадена вредност.

Во првите месеци од годинава на фирмите им се вратени речиси 11,7 милјарди денари што е за 6 насто повеќе од доспеани барања за поврат на данокот на додадена вредност.

Ова денеска го соопшти УЈП, откако „Трилинг“ побара од директорката Елена Петрова податоци за вкупниот поврат на ДДВ за минатата година.

Според соопштението на прес-службата „вкупниот износ на доспеани барање на ДДВ изнесува 35, 7 милјарди динари, додека реализираниот поврат за 2024 година изнесува 34, 3 милјарди денари“.

Според податоците дефицитот од над една милјарда денари во ненавремениот поврат на ДДВ за минатата година се намалува со зголемени плаќања кон компаниите во првиот квартал од годинава.

Во емисијата „Трилинг“, што се емитува вечерва, директорката на УЈП демантира дека се врши селекција во враќањето ДДВ кон јавните претпријатија што се под капата на опозициските градоначалници.

Во интервјуто Петрова одговара зошто дискотеката Пулс во Кочани работела и покрај тоа што инспекторите ставиле пломби за неа и за кафулето што се водат преку фирмата МММ кафе Доел, каде сопстевник е Дејан Јованов-Деко.