УЈП бара работници: Отворени девет позиции, платите од 27.000 до 39.000 денари

Управата за јавни приходи (УЈП) објави огласи за вработување на девет извршители на различни работни позиции низ земјава. Огласите се достапни преку Агенцијата за администрација, а платите што се нудат се движат од околу 27.000 до речиси 39.500 денари месечно.

Управата за јавни приходи (УЈП) објави огласи за вработување на девет извршители на различни работни позиции низ земјава. Огласите се достапни преку Агенцијата за администрација, а платите што се нудат се движат од околу 27.000 до речиси 39.500 денари месечно.

Кандидатите треба да бидат државјани на Македонија, да имаат активно познавање на македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и да немаат изречена забрана за вршење професија. Покрај тоа, се бара познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, познавање на англиски, француски или германски јазик, а за дел од позициите и положен правосуден испит.

Во зависност од работното место, се бара високо образование, додека за некои позиции не е потребно претходно работно искуство, а за други е задолжително најмалку една година.

Меѓу отворените позиции се Даночен агент за прием, контрола и обработка на предмети во Генералната дирекција, Даночен оператор во повикувачки центар, Помошен даночен референт за даночно сметководство, Помошен даночен референт за регистрација на даночни обврзници – физички лица, Помошен даночен агент за даночно сметководство, Помлад асистент за услуги на даночни обврзници во Делчево, Помлад даночен извршител за основни мерки за наплата на долгови во Скопје, како и Советник за ИТ безбедност.

Најниската плата, од нешто повеќе од 27.000 денари, е предвидена за даночните агенти и оператори, додека највисоката – 39.476 денари – се нуди за позицијата Советник за ИТ безбедност.

Работното време за сите работни места е осум часа дневно, од понеделник до петок. Дел од огласите истекуваат до крајот на месецот, а останатите во првите денови од следниот месец. Заинтересираните кандидати можат да ги најдат сите услови и рокови во огласите објавени на веб-страницата на Агенцијата за администрација.